Категории

Откријте што ја убива вашата врска?

Работата, сексот и парите – тоа се 3-те најважни фактори кои ја уништуваат врската.


Тоа го кажуваат резултатите од истражувањето во кое учествувале повеќе од 2 000 испитаници на возраст од 18-65 години. Испитаниците биле во сериозна врска или брак и требало да наведат кои се клучни фактори во креирањето стрес и напнатост во односот со партнерот. Па, факторите кои ги навеле се следниве:

Работа
Дури 35% од испитаниците, стресот кој го имаат на работа го пренесуваат и во домот, што секако влијае неповолно на односот со партнерот. Стручнаците советуваат да научиме да препознаеме кога сме му лути на партнерот заради претходно насобраниот стрес, а кога заради некој проблем во самиот однос.

Помалку секс поради исцрпеност        
Фактот дека партнерот е преуморен за секс е извор на незадоволство кај 33% од испитаниците. Стручнаците овде предлагаат отворен и искрен разговор. Ако проблем е физичкиот и ментален замор, треба да се најде време кога тие се на најниско ниво затоа што е важно партнерите да пронајдат време за интимност.

Низок сексуален нагон    
Дури 28% од испитаниците го издвојува овој фактор како најважен за стресот во врската. Стручнаците предупредуваат дека и овде е важно да се пронајде суштинскиот проблем. Некогаш причината е малата самодоверба, негативната слика за сопственото тело.. Затоа е потребно да се фокусираме на тоа што го сакаме на своето тело. Друга честа причина е болката која се доживува за време на односот и во тој случај потребно е да се побара лекарска помош. Депресијата, недостатокот на енергија, лековите- исто така можат да бидат причина за ниско либидо.

Кавги околу парите           
Речиси и да нема пар кој не се расправа на темата пари, но за 27% од нив тоа е клучен извор на проблемите. Потребно е да се одреди буџет на кој и двајцата ќе се придржуваат, иако тоа е полесно да се каже отколку да се направи. Важно е парот да разговара за приоритетите и да најде компромис.