Додека цела Америка ги пратеше доделувањата на Греми наградите, во Ројал Алберт Хал во Лондон се одржа доделувањето на филмските награди BAFTA.
Познатите дами се појавија во своите најубави изданија, а ние во галеријата издвоивме неколку од нив кои заслужиле и модно признание. Едноставни комбинации, а истовремено елегантни и впечатливи, уште еднаш докажале дека за одличниот изглед доволно е да се биде одмерен и природен.