Категории

Понекогаш падот е единствениот начин да се издигнеш повторно.

Но не обесхрабрувај се, тоа не значи дека пропаѓаш и дека неуспеваш.

Ќе има денови кога нема да се сакаш себеси, кога ќе мислиш најлошо за себе и нема да сакаш да се погледнеш во огледало, нема да ти се допаѓа начинот на кој зборуваш нити начинот на кој се однесуваш.
И сето тоа е во ред. Понекогаш, и колку да се обидуваш да останеш позитивен, да не мислиш на лоши нешта, едноставно тагата ќе се прелее врз тебе и не ќе можеш да сториш ништо.

Но не обесхрабрувај се, тоа не значи дека пропаѓаш и дека неуспеваш.
Вакви денови доаѓаат кај секого, кај секој човек.
Немој да бидеш суров спрема себеси, немој да се осудуваш и да се обвинуваш, затоа што си совршено добро, ти си прекрасна личност онаква каква што си.

Понекогаш недопаѓањето на самите себе ни укажува дека сепак сме живи суштества кои имаат чувства. Тогаш е вистинско време да истапиш и воздивнеш. Собери ги своите мисли и запомни едно – Лошите денови се случуваат, а најважно е тоа што тие поминуваат.
Прифати ги чувствата, и прифати се себеси со светлата и темната страна од себеси.
Понекогаш падот е единствениот начин да се издигнеш повторно.

Прегледи:
604
Објавено на:
27.06.2020