Категории

Постојат нешта во животот кои мораме да ги направиме само ние самите

Никој не е должен за нечиј живот, некои нешта мораме да ги направиме ние самите.

Некој човек имал обичај секоја недела да и каже на својата жена:

-Ти оди во црква и помоли се за себе и за мене.

На пријателите знаел да им каже:

-Јас не треба да одам во црква. Мојата жена оди и се моли за двајцата.

Една ноќ, тој човек сонил сон. Со својата жена се нашол пред рајските врати очекувајќи да се отворат. Вратата почнала полека да се отвора и тој слушнал таинствен глас кој му се обратил на неговата жена:

-Ти можеш да влезеш за вас двајцата!

Жената влегла и вратата се затворила. Од непријатните чувства и потресеност, човекот се разбудил. Неговата жена се изненадила и се зачудила кога следната недела за време на поаѓањето во црква, мажот и рекол.

-Денес и јас ќе дојдам во црква со тебе.

Прегледи:
477
Објавено на:
06.04.2020