Категории

Преку глава ви е од лоши вести – Имаме еден куп ДОБРИ!

Секојдневно сме бомбардирани од ужаснувачки и шокантни наслови од кои ни се чини дека целиот свет се распаѓа. Меѓутоа иако е важно да бидеме известени за проблемите, на светот постојат и многу добри нешта и подеднакво важно е и тие да добијат свое внимание.

Авторот Мауро Гати одлучи да го создаде медиумот Happy Broadcast на кој ќе споделува само позитивни вести и служи како противотров на сета негативност со која секојдневно сме бомбардирани преку телевизијата, радиото, весниците и секако интернетот.

Денес одлучивме да ви споделиме неколку добри вести и да ви го поправиме расположението и оттргнеме вниманието од сето она негативно кое не опкружува.

~Седум јајца од последниот северно бел носорог се успешно оплодени, тоа можеби ќе ја спаси оваа врста од изумирање.

~На власт во Малавија дојде жена која поништи 1500 детски бракови и ја направи оваа пракса нелегална и ги испрати девојчињата назад во училиште.

~Шведска започна да спроведува одлична иницијатива. Донаторите на крв добиваат СМС секој пат кога нивната крв ќе спаси нечиј живот.

~Амазонското племе ја доби правната битка против нафтените компании со што го спречи бушењето во Амазонот.

~Човек во Индија секој ден во текот на 35 години садеше по едно дрво и со тоа создаде парк поголем и од Централниот парк во Њујорк.

~Популацијата на морските желки се зголеми за 980% благодарение на Актот за загрозените врсти.

~Во супермаркет во Тајланд не пакуваат храна во пластика туку користат листови од банана за пакување на намирниците.

~Пациент кој имал ХИВ станал втората личност на светот кај која е исчезнат вирусот ХИВ после трансплантацијата на матичните клетки.

~Холандија стана првата земја на светот која ги вдоми сите кучиња скитници.

~Јужна Кореа организира дневни забави за луѓе постари од 65 години со цел да се борат против осаменоста и деменцијата.

~Во Рим картата за метро можете да ја платите со пластични шишиња. До сега на тој начин се рециклирани повеќе од 350 000 шишиња.

~Фармерите кои одгледуваат ориз ширум светот користат патки наместо штетни пестициди. Патките се хранат со инсекти а притоа не им штетат на билките.

~Канада усвои закон кој налага дека е илегално да се чуваат китови и делфини во заробеништво поради забава.

~Калифорнија ја ограничи продажбата на мачки, кучиња и зајаци исклучиво на животни кои се спасени од улица или од азил за незгрижени животни.

~Холандија прекри стотици покриви на автобуски постојки со цветни садници и направи „зелени покриви“ каде пчелите можат да се сокриваат.

~Исланд е првата земја на светот која правно воведе мажите и жените да се подеднакво платени.

~Германскиот циркус користи холограми на животни со цел да се запри експлоатацијата на животни.

~Клуб за бракови од Сан Франциско спојува стари луѓе и стари кучиња на кои им е потребно друштво, вежбање и внимание.