Категории

Престанете да размислувате како изгледате во туѓите очи, поважно е тоа како се гледате со своите

Никогаш нема да оставите трага зад себе ако постојано го мерите својот пат со оној на другите, ако се обидувате да ги достигнете истите нешта како и тие. 

Зошто ви е такво натпреварување? Зошто е важно чија интелигенција, убавина, материјална состојба или останати нешта се подобри или поголемиот од другите? Секој чекори по сопствен пат и има своја приказна, залудно е да ја споредувате сопствената со туѓата.

Тоа што можеби сега сте подобри од некој не значи дека тоа ќе остане така. Со споредувањето со другите нема да постигнете ништо. Нема да ја зголемите вашата самодоверба, нити храброст нити успех. Само ќе ја насочите вашата енергија во пронаоѓање на маани и создавање незадоволство кај себеси кое нема да ви донесе ништо корисно.

Никогаш нема да оставите трага зад себе ако постојано го мерите својот пат со оној на другите, ако се обидувате да ги достигнете истите нешта како и тие. Можеби вие сте предодредени за некоја друга цел, многу поинаква од нивната. Зошто да ја уништите таа можност со тоа што ќе се обидувате да постигнете исто како и другите?

Споредувањето е нешто од кое никој никогаш нема да излезе како победник. Си задавате пораз на себеси и болка која никогаш нема да ве одведе на местото кое припаѓате.
Кога ќе сфатите што сакате да постигнете во животот, кои се вашите соништа и каде сакате да се наоѓате тогаш ќе бидете на многу поблиско место до претврање во најдобрата верзија на самите себе. Престанете да размислувате како изгледате во туѓите очи, нека повеќе ве загрижува како се гледате со своите.

Прегледи:
460
Објавено на:
17.05.2020