Кога ќе престанете да се борите за свој простор во нечиј живот, ќе сфатите дека битките немаат воопшто смисла.
Ќе ви стане сеедно кои коментари ќе ги добиете од другите, какви критики ќе примите, какви карактеристики ќе ви дадат луѓето. Ќе сфатите дека доколку другите не ви оставале простор во нивниот живот додека вие сте оставале за нив, најдоброто што можете да го направите е да си заминете. Секогаш постои некој кој ќе ве прими.
Кога ќе престанете да се борите за свој простор во нечиј живот нема повеќе да ја барате среќата во одобрувањето и даровите со кои таа личност повремено ве опсипува во замена за нешто друго. Ќе сфатите дека среќата е нуспроизвод кој настанува од сваќање на сопствената вредност а не сомнежот во неа. Нема повеќе да трпите различни омаловажувања и потценувања затоа што верувате дека она што го добивате од вистинската личност е неизмерно поголемо.
Кога ќе престанете да се борите за свој простор во нечиј живот ќе сфатите дека е успех да се борите за себе, затоа што не можете да заминете и да побегнете од себеси, па најдобро е да вложите во тој однос. Ќе научите подобро да ги избирате битките, и ќе ги одбирате оние кои вредат и на крајот ќе ви донесат добра победа. Отфрлете ја помислата дека можете да натерате некој да ве сака, најдоброто нешто што можете да го направите е едноставно да продолжите понатаму, затоа што оној кој вистински ве сака, самиот ќе направи простор во неговиот живот за вас.