Категории

Престанете да се запоставувате себеси – Вие сте најважната личност во вашиот живот

Вие живеете со себе, секој ден. Затоа е најважно да се слушате себеси, престанете да им угодувате на другите!

Колку и да се трудите да им угодувате на другите, да ги исполнувате нивните очекувања кои ги имаат од вас, и било да е тоа само поради тоа што имате чувства за нив или ви значат, знајте дека никогаш нема во потполност да успеете во тоа. Тие секогаш ќе бараат уште а на крајот вие сте оние кои ќе останете празни.

Престанете да се трудите да се вклопите во нечиј калап кој некои го имаат замислено за вас. Вие не сте дошле на овој свет да исполнувате нечии замисли, и никој нема право да го обликува другиот според сопствените желби, не постојат универзални правила и стандарди.

Прво мислете на себеси. Изгледајте онака како што сакате да изгледате, како што се чувствувате среќно и удобно. Немојте да го променувате своето мислење само за да се вклопите во нечија рамка, секој има своја сопствена реалност, не плашете се ако вашата е многу поинаква.

Престанете да ја запоставувате својата среќа само за да усреќите некој друг. Посветете време на себеси и оан што ве исполнува, само тогаш ќе можете да им ја пружите на другите и да не биде намалена. Сфатете дека во овој живот се имате само себеси и не можете да бидете никој друг, а и зошто би го посакувале тоа? Сакајте се себеси и пружете си внимание и љубов секој ден, вие сте најважната личност во вашиот живот!