Категории

Престанете да се жалите – На луѓето им е полесно да се жалаат отколку да живеат среќно

Зошто сме несреќни, кои препреки на патот према среќата можеме да ги сретнеме и како да ги надминеме?

Не плашете се од среќата.
Поглемиот дел од луѓето пораснале во семејство кое не практикува вреднување во животот и каде членовите немаат навика да зборуваат дека им е добро и дека се среќни. Неспособноста на родителите да се радуваат и да се смеат им се пренесува и на децата кои почнуваат да мислат дека така функционира овој свет. Другата грешка е да мислите дека се морате да платите подоцна. Ние се плашиме да чувствуваме задоволство во животот и го поврзуваме тоа со нечие расипано.

Престанете да се жалите
Што сакате кога некому се жалите за своите проблеми? Вие сакате да се жалите а не да ги решите проблемите. Тоа е на некој начин култ на жалењето. Полесно ви е да патите отколку да живеете среќно. Здравата личност ќе ја прифати ситуацијата каква што е, или истата ќе ја промени. Неурамнотежената личност нема да го направи нити едното нити другото. Тоа се однесува на физичката болест – додека физички здравата личност се лечи од болеста, неурамнотежената ќе сака да биде болна, затоа што на тој начин ќе има причина за да кука. Тоа е скоро хоби – да си измисли на себеси проблем и да пати од него.

Променете се себеси а не другите
И тоа најпрво се однесува на одгледувањето на децата. Не можете да ги присилите да прават нешто, ако тоа не го правите вие самите. Децата го усвојуваат не она кое што им го кажувате, туку она што го правите самите и како се однесувате спрема другите.

Правете го само она кое го сакате
Секогаш избрирајте да го правите она што го сакате, и тогаш кога се чувствувате дека сакате да го правите. Никогаш не присилувајте се себеси да трпите нешто кое не ве прави исполнети и среќни.

Прегледи:
922
Објавено на:
01.02.2020