Категории

Приказна за СРЕЌАТА која секој човек мора да ја прочита

Мудрост која ќе ја паметите целиот живот

Двајца луѓе кои биле сериозно болни делеле болничка соба. Едниот човек секојдневно морал да седи на креветот по неколку часови за да може да ја празни течноста од плуќата. Неговиот кревет бил покрај прозорецот. Другиот човек морал да лежи цело време. Се зближиле со приказната за животот, семејството, детството, работата..

Секое попладне, кога човекот покрај прозорецот седен, му опишувал на својот цимер што гледа преку прозорецот. Човекот кој морал постојано да лежи почнал да живее за миговите кога неговиот свет бил збогатен со овие опишани нешта кои се случувале надвор.

Преку прозорецот се гледал парк со прекрасно езеро. Лебедите пливале во водата додека децата играле покрај неа. Паровите се шетале држејќи се за раце. Цвеќињата во паркот биле прекрасни, а во далечината се гледал градот. Додека човекот покрај прозорецот ги опишувал сите детали, другиот човек ги затворил очите и уживал во сцените. Едно попладне човекот покрај прозорецот опишал парада која поминувала покрај болницата. Иако не можеле да ги слушнат звуците, можеле да ја замислат радоста.

Деновите и месеците поминувале. Човекот кој морал да лежи станал љубоморен на својот цимер и посакал и тој да добие место покрај прозорецот за да може да ги види сите убавини за кои слушал. Во својата очајна желба одлучил да го отруе човекот покрај прозорецот. Едно утро сестрата влегла во собата и во затекнала безживотното тело на човекот покрај прозорецот. Набрзо после тоа другиот човек ја замолил неговиот кревет да го преместат покрај прозорецот. Сестрата прифатила, го сместила и го оставила сам.

Полека и со голем напоред, тој станал да ја види глетката од прозорецот. Видел само ѕид. Ја прашал сестрата што мисли поради што човекот опишувал толку убави сцени. Сестрата одговорила дека човекот бил слеп што не можел да го види нити ѕидот.

Рекла: „Можеби само сакал да ве охрабри и да ве направи среќни“

Голема е среќата да го направите некого среќен, без оглед за тоа во која ситуација се наоѓате. Кога ја делиме тагата, станува половина полесно, но кога ја делиме среќата таа се дуплира. Ако сакате да се чувствувате богати, избројте ги нештата кои ги имате а не можат да се купат со пари. Не бидете љубоморни на другите луѓе, работете на себеси. Поделете ја среќата и направете го некого среќен. Во спротивно ќе се најдете огорчени и сами, пред ѕидот.

Прегледи:
983
Објавено на:
21.01.2020