Категории

Продавница за желби – Колку чини исполнувањето на вашата желба?

Приказна која откако ќе ја прочитате, веќе никогаш нема да гледате исто на вашите желби

Некаде, на маргините на Универзумот постоела една продавница.
Не стоел натпис, но секој жител знаел дека во таа продавница се продавале желби.
Асортиманот бил огромен, тука можело да се купи буквално се: големи јахти, куќи, брак, функции во големи корпорации, деца, работа од соништата, убав изглед, победа, лускузни автомобили, власт, успех, изобилие, и што ли уште не.
Не биле на продажба само животот и смртта – за тоа бил задолжен друг продавач кој се наоѓал во друга Галаксија.
Секако, кој и да влезел во продавницата, а и оние кои никогаш не го направиле тоа, и само имале желби, се распрашувале за цената на својата желба.
Цените биле различни. На пример, работата од соништата коштала откажување од стабилноста и предвидливоста, подготвеност за самостојно планирање и уредување на животот, верба и сопствена сила и одлука да се работи таму каде што им се допаѓа, а не таму каде што треба.

Власта коштала малку повеќе: Било потребно откажување од некои свои уверенија, знаење за се и пронаоѓање рационално објаснување, способност да им се каже „Не“ на другите, познавање на сопствената цена (и таа требала да биде доста висока), дозвола на себеси да се изговара „Јас“, умешност во наметнување на другите, без оглед на одобрувањето и неодобрувањето на околината.

Некои цени биле чудни: Мажењето можело да се добие речиси бесплатно, но затоа среќниот живот бил скап. Лична одговорност за среќа, способност за добивање задоволства од животот, препознавање на своите желби, одрекување од мислењето на околината, способност да се цени она што се има, дозвола да се биде среќен, свест за самопочит, откажување од бонус „жртва“, ризик на губење на некои пријатели и познаници.

Не секој кој дошол во оваа продавница бил спремен веднаш да купи желба. Некои, кога ја виделе цената веднаш се завртиле и си заминале. Други, стоеле замислени, пресметувале и се мислеле како да се пазарат.Некои се жалеле на многу високите цени, барале попуст или прашувале за денови на распродажба.
Но имало и такви, кои ја ваделе целата своја заштеда и ја добивале својата желба, спакована во преубава хартија. На таквитите среќници, другите купци гледање љубоморно, шепотејќи меѓусебно за тоа дека газдата на продавницата е нивен пријател, и дека желбите ги добиле туку-така, без никаков труд.

Кога го прашале газдата на продавницата дали не се плаши од банкрот, тој само одмавнал со главата и одговорил дека во секое време ќе постојат смели луѓе, спремни да ризикуваат, да се откажуваат од она на кое се навикнале во секојдневниот живот, спремни да веруваат во себе, кои имаат сила и сретства да им се плати исполнувањето на своите желби.
А на вратата на продавницата веќе стотина години стоел оглас:

„Ако вашата желба сеуште не е исполнета – значи дека сеуште не е платена.“

Прегледи:
660
Објавено на:
08.12.2019