Прости си што си дал од себеси повеќе отколку што заслужиле.
Прости си на себеси што некогаш си се задоволувал со помалце од она кое го заслужуваш.
Прости си на себеси што не си можел да сакаш половично. Што си се предал себеси на некој кој не умеел да се носи со интензитетот на твоите чувства, со тежината на твоето срце и сето она кое си го носел во себе.
Прости си на себеси што си се надевал, што си имал верба во нежноста на љубовта. Време е да си простиш на себеси што некогаш си мислел дека „Те сакам“ значи „Ќе останам“.
Прости си за луѓето кои си отишле од тебе. За оние кои не се бореле за да те задржат, кои направиле да се чувствуваш како да не заслужуваш љубов. Време е да си простиш на себеси за тоа што си верувал безрезервно. Што си дозволил да ги исцртаат спомените врз твојата кожа и што зеле премногу од тебе.
Прости си што си дал од себеси повеќе отколку што заслужиле.
Прости си што си ги сакал и покрај тоа што се одлучиле да заминат, што те направиле да се почувствуваш дека не си доволен и сето она кое си им го дал било малку.
Некаде таму постои љубов која би се задоволила со дури и само половина од тоа што си им го дал ним. Љубов која ќе посака да нурне во твоите длабочини без страв дека ќе се удави, без да прави мерки и пресметки за тоа дали си премногу или премалце.
Немој да се убедуваш себеси дека не вредиш, дека не вреди некој да се бори за твојата љубов, затоа што не е достојна, затоа што не е доволно. Е, и тоа повеќе од тоа колку што замислуваш.
Чекај таква која ќе те направи подобар човек, која ќе те инспирира, која ќе те внесе во нов свет.
Ќе дојде!