Категории

Само сакам да живеам среќно со некој кој ме сака

„Не сакам еден ден да се разбудам со болно тело и крвава душа, прашувајќи се како сум успеала да направам се толку погрешно.
Не сакам да го погледнам човекот покрај мене и да видам лице на некој во кој сум само напола заљубена – или уште полошо, не сум воопшто – само затоа што се плашев да ја барам и чекам големата љубов.“

„Не сакам еден ден да се разбудам со болно тело и крвава душа, прашувајќи се како сум успеала да направам се толку погрешно.
Не сакам да го погледнам човекот покрај мене и да видам лице на некој во кој сум само напола заљубена – или уште полошо, не сум воопшто – само затоа што се плашев да ја барам и чекам големата љубов.
Не сакам да станам од креветот и да се прашам себеси кога всушност умрев одвнатре.
И можеби не чувствуваат сите дека нивниот безживотен живот е како вирус во нивното тело, но јас го чувствувам тоа.

Не дека не ми треба рутина или дека не уживам во некои аспекти од нормалноста, како што е вечера на масата за шест и бакнеж во образот кога мојата љубов поминува низ вратата, но тоа не значи дека таков треба да е мојот живот засекогаш.
Нормалната рутина треба да биде како зрна прашина кои паѓаат при налет на ветрот во слободниот дух на кој му дозволувам да ме води од една авантура во друга. Да живеам среќно во љубовта – тоа е мојот животен план; тоа не е ништо по комплицирано или по едноставно од тоа.

Сакам да избегам од материјализмот и наместо тоа да живеам живот со цел. Сакам да патувам околу оваа прекрасна планета со оној кој го сакам, да создавам спомени, надевајќи се дека луѓето и местата ги оставаме малку подобри од тоа какви што биле пред да ги најдеме.
Не мислам дека тоа им е наменето на сите, нити велам дека тоа е подобро од животот кој поголемиот дел од нас го живеат. Се што знам е дека таквиот живот е само смрт за мојата душа. Некои од нас одат на иста работа веќе 30 години, за на крајот од својата кариера да добијат само мала пензија.

Навистина можеме да создадеме животи кои ги сакаме да ги живееме, и жал ми е, но јас не се плашам да ги следам своите соништа. Ќе го пронајдам оној убав утописки живот за кој сонувам, едноставно затоа што сум доволно луда тоа да го направам.
Вистина е таа дека само оние кои се доволно луди пронаоѓаат пат таму каде што другите велат дека го нема а јас ќе отскокнам од реалноста, преку сите правила кои се наменети да ја гушат жената која навистина сум и љубовта која сум ја пронашла.

Што е не е во ред со моите животни цели да патувам низ овој свет и да им помагам на луѓето? Или сонот да го гледам изгревањето на сонцето на секој континент? За мене мојот живот нема да биде потполн додека не нурна со ножните прсти во секој океан кој се прелива од сино во сиво.
Мојот живот ќе биде полн со живот и љубов и ќе ја пронајдам среќата следејќи го само моето проклето срце.
Можеби сум луда. Можеби ќе морам да го променам планот многу пати. Можеби ќе постојат денови кога се ќе преиспитувам повторно, но на крајот на денот додека ја потпирам својата уморна глава на креветот, ако сум среќна и ако имам љубов, ништо нема да биде залудно.

Затоа што понекогаш е важно да сфатиме дека ни е наменето повеќе од само слепо следење на правилата. Никогаш не сум се вклопувала и сега сфаќам дека најголемите мигови на тага и тешкотии кои сум ги имала биле оние мигови кога сум се обидувала да го направам тоа.
Животот навистина може да се живее среќно во љубовта – ако сме доволно храбри да сфатиме дека тоа е возможно.
Сум видела премногу за да можам да се занимавам со „нормални“ нешта – и додека огнот кој го запалив може да згаснува одвреме навреме, не постои друг начин да живеам отколку да го правам тоа со сето срце.“