Категории

Се шминкала и кога легнува да спие: Пет години го криела од својот дечко вистинското лице, а потоа е разоткриена!

Ејми за прв пат на своето лице ставила шминка кога имала 13 години и од тогаш започнала да мисли дека без неа не може да изгледа убаво.

Ејми Роб (24) не можела да замисли некој да ја види без шминка, па поради тоа станувала во 4 наутро за да го стави своето „лице“ и би избегнала нејзиниот дечко да ја затекне во природна состојба – иако се воо врска 5 години. Многу често и спиела со шминка.

„Поминував часови нанесувајќи шминка. Тоа беше зависност која не можев да ја сопрам дури и да сакав. Се плашев дека ќе се размачкам додека сум во креветот со моето момче и поради тоа не можев да спијам“, вели таа.

Ејми за прв пат на своето лице ставила шминка на 13 годишна возраст и оттогаш не престанала да се шминка.

„Имав проблеми со акните и се чувствував одвратно без шминка. Мислев дека луѓето ќе помислат дека сум грда доколку ме видат без шминка. Ми беше непријатно во сопствената кожа“, објаснува Ејми.

Меѓутоа, коога поради својата депресија морала да проведе неколку денови во болница, Ејми се променила.

„Во текот на тоа време бев потполно без шминка и нешто во мене се промени. Веќе не можев да се натерам себеси да ставам шминка. Зошто морам да ја носам за луѓето да ме ценат? Како што поминуваа деновите, почнував да се чувствувам сѐ подобро и подобро во своја кожа“, раскажува таа.

Прегледи:
473
Објавено на:
04.01.2019