Категории

Сексот го подобрува помнењето на жените

Канадските научници истражувале дали сексот може да го подобри помнењето кај жените за апстрактни зборови и човечки ликови.           


Жените кои почесто имаат секс имаат подобро помнење, покажале истражувањата. Научниците од Канада пронашле врска измеѓу сексот и хипокампусот-област во мозокот која ги контролира емоциите, помнењето и нервниот систем.
Во истражувањето учествувале 78 жени помлади од 30 години. Им биле презентирани слики од човечки ликови и апстрактни зборови, а задачата била да се обидат да запомнат што повеќе ликови и зборови.
Резултатите покажале дека жените кои имаат почесто секс се подобри во помнењето на апстрактни зборови, но честотата на секс не влијаела на помнењето на човечки ликови.
Познато е дека сексот ги намалува напнатоста и стресот. Со самото тоа мозокот не е оптоварен со беспотребни информации, па помнењето на новите информации е подобро.

Прегледи:
547
Објавено на:
17.05.2019