Дали знаете дека мачките го намалуваат ризикот од срцев удар? Окријте и за многу други бенефиции врз човечкото здравје кое го имаат овие слатки домашни миленици
Сите љубители на домашни миленици мачки, добро ја познаваат една од најнеобичните и најслатки карактеристики на нивниот домашен миленик, а тоа е предењето.
Општо е познато дека предењето на мачките придонесува бројни позитивни влијание врз човечкиот организам.
Еве кои се тие:
Го намалува стресот
Вибрациите кои се создаваат додека мачката преди, делуваат како седатив врз нервниот систем на човек и со тоа тие го смируваат. На овој начин го намалуваат стресот и напнатоста.
Дијагностицирање болести
Во светот лекарите станаа свесни за „моќта“ која ја поседуаат мачките. Преку низа истражувања, се дошло до заклучот дека предењето на мачките се разликува во мигот на уживање и мигот на предупредување на човекот на одредена болест.
Исто така, постои и студија за врстата на предење која е поинаква во зависност од болеста
Го намалува крвниот притисок
Предењето на мачките исто така може да влијае врз снижувањето на крвиот притисок.
Не велиме дека може да делува наместо лекови, но сигурни сме дека добро влијае врз него.
Ги зајакнува коските
Според тврдењата на светските ортопеди, фрекфенцијата од 25-200 Hz, која ја произведува мачката во текот на предењето, е најдобра за зајакнување на коските.
Го намалува ризикот од срцев удар
Според последните истражувања на кардиолозите, сопствениците на мачки имаат 40 посто помал ризик да доживеат инфаркт.
Го намалува отокот и инфекциите
Стручњаците исто така тврдат дека силната вибрација која мачките ја произведуваат во текот на предењето, влијае врз забрзувањето на циркулацијата што допринесува до брзо смалување на отокот и елиминирање на инфекции од организмот.
Делува позитивно на лигаментите и мускулите
Многу професионални спортисти забележале неверојатно позитивно делување од своите миоленици во моментите на замор на мускулите и повреда на лигаментите и тетивите. Водени од ова откритие, научниците ја потврдија оваа појава и сега голем број светски спортски физиотерапевти им препорачуваат на спортистите што повеќе да се дружат со своите домашни миленици мачки.