Категории

СРЕЌА НА ДЕНОТ: Доктор му пее песна на секое новороденче кое ќе го донесе на свет

Ваков доктор секоја жена би посакала на своето породување. (ВИДЕО)

Докторот Кери Д. Ендру кој работи во породувалиштето во болница во американскиот Питсбург стана познат ширум светот првенствено поради љубовта спрема својата работа, а потоа поради неверојатните нешта кои ги прави кога еднаш ќе го донесе бебето на свет.

Иако породил веќе стотина жени, овој симпатичен доктор на секое новороденче му пее песна „Среќен роденден“, а понекогаш ја пее и песната на Луј Армстронг „Колку е прекрасен овој свет“.

Симпатичниот лекар оваа традиција ја превзел од својот ментор додека сеуште бил млад лекар.
„Кога им пеам на тие бебиња, пеам за иднината на важните личности“. Тие се прекрасно чудо на животот и треба да бидат прославени. Секое бебе треба да биде пречекано со насмевка на лицето – заклучува докторот.

Прегледи:
635
Објавено на:
19.10.2020