Категории

Стајлинг кој зрачи женственост – Кралицата Летисија одмара од кралските должности на Мајорка

Шпанскиот крал и кралица после напорниот период, заедно со ќерките отпатуваа на Мајорка да се одморат од кралските обврски, но тоа не значи дека Летисија ја запостави модата, напротив!

Откако кралот на Шпанија, Фелипе VI и неговата сопруга кралицата Летисија веќе еден месец се на кралска турнеа по шпанските провинции со цел да разговараат со локалното население околу последиците и решенијата од кризата настаната поради пандемијата со вирусот Covid, дојде ред за мал одмор.
Кралскиот пар во придружба на ќерките, принците Леонор и Софија ја одбраа Мајорка како идеална дестинација за одмор каде уживаа во убавото време и морето.

Кралот и кралицата стигнаа да се посветат и на културата па така беа забележани како со своите миленички ги посетуваат неколку од важните знаменитости во историјата на Мајорка.
За овој повод шпанската кралица избра вистински шик стајлинг кој зрачи со женственост, се работи за лепршав фустан во црвена боја од нејзиниот омилен дизајнер Adolfo Dominguez.
Секако целокупната комбинација ја заокружи со нејзиниот омилен модел на обувки – еспадрили, овој пат во кафеава нијаса од брендот Uterque. Што се однесува на аксесоарите, овој пат избра минимален накит од дизајнерката Karen Halam и Coolook.