Категории

Тажна вест: Почина диџеј Бабура

Ова петочно утро го обележа тажен настан.Во раните утрински часови во Скопје почина познатиот диџеј Бабура, односно Љупчо Петровски. Тој почина после долго боледување, на 42-годишна возраст.

Диџеј Бабура беше еден од најзначајните музичари во Македонија кој беше дел од растот на македонската модерна клупска и радио сцена.

Настапуваше со сите светски диџеи кои гостуваа во земјава, а со неговите музички сетови израснаа повеќе генерации во клубовите низ Скопје и низ земјава. Тој почна уште во деведесеттите години со пуштање музика на радиото „Мега ФМ“, за потоа да проодолжи во „Антена 5 радио“ и потоа во „Сити радио“.

Тој беше препознатлив по хаус музика, а на неговите настапи во клубовите низ земјава постојано имаше голем број публика.

извор: телеграф.мк

Прегледи:
621
Објавено на:
22.01.2016