Категории

Три уникатни начини како да го носите црниот фустан

Безвременскиот црн фустан, може да го имате во вашиот плакар 20 години, а секогаш да ви се најде за некоја пригода. 

Всушност најважно е како го носите и со што го носите. За секогаш да сте различни, но убави и женствени неопходен ви е добар накит. За да изгледате одлично и вашиот стар фустан да го претставите во ново светло, би можеле да го украсите со уникатни парчиња накит од Две Шмизле.

Нивниот накит е рачно изработен, во сваровски кристали, чешки бисер и стакло, униатни дизајни и по едно парче од секој модел, па така вашата уникатност е загаранитрана.

Класична убавина

Брошот е украс за класичните дами, но Две Шмизле умеат да создадат вистинска убавина и од класичните парчиња. Па така овој брош, во кралско сина боја, во исто време дава свежина на едноставниот фустан и ви дава уникатен изглед.

Кристална убавина

Сваровски кристалите вообичаено имаат класичен дизајн, но Две Шмизле создава парчиња накит со сваровски кристалите кои имаат необичен, модерен дизајн. Така и оваа комбинација со ланче и обетки, совршено го надополнува црниот фустан, а навидум едноставниот изглед е збогатен со фини кристали.

Смели и модерни

Понекогаш е доволно едно парче накит. Тоа важи со впечатливите и смели ланчиња, кои умеат да бидат центарот на вниманието. Па доколку сакате да отскокнете од околината, вашиот едноставен црн фустан надополнете го со интересно и модерно ланче, со кое навистина ќе блескате.