Бог знае што се крие во вашето срце и пред да ја отворите својата уста и да го изговорите тоа наглас.
Бог ги знае вашите најдлабоки потреби и желби во вашето срце подобро отколку вие самите. На Бог не му треба потсетник за нив, тој никогаш не заборава.
Тој не го заборави она нешто кое го посакувавте пред десет години или минатата ноќ. Тој не ги заборава вашите молитви ниту ноќите кои сте ги поминале плачејќи и молејќи за помош затоа што сте немале кому да се доверите. Бог го познава вашето срце подобро од било кој.
Нештото е во тоа, Бог нема секогаш да ви го даде она за кое се молите да ви го даде, без оглед на тоа колку се обидувате и колку сте очајни. Нема секогаш да ви го направи животот полесен.
Затоа што тој ги знае вистинските потреби и желби на вашето срце – ќе ви го даде баш она кое што ви е потребно за да се излечите засекогаш а не само привремено. Тој ќе ви го даде она што ви е потребно во мигот, а не она кое го посакувате.
Вашето срце му припаѓа на Бог. Тој се грижи за него.
Можете да Го молите за било што и да посакувате и да се обидувате да Го уверите дека вашите планови се она што ќе ве направи среќни, но нема да успеете. Божјиот план не можете да го промените, само верувајте во него, и верувајте во тишината.
Дури и во миговите кога мислите дека не е тука – тука е. Во деновите кога животот ви станува премногу тежок и ви се чини дека не можите да соберите сила да станете од креветот – Тој е тука. Во ноќите кога ве боли што сте изгубиле некого кого сте го сакале, и се чувствувате празно и безживотно одвнатре – Тој е тука. Во деновите кога ви се чини дека се оди надолу – Тој е тука, не заборавајте го тоа.