Категории

Верувања и ритуали: Никако не правете го ОВА за Нова Година

Верувања и обичаи за тоа кои нешта спречуваат да ни се остварат новогодишните желби

Нова Година – магична ноќ. Всушност, магијата на оваа ноќ ја креираме самите со помош на посебни ритуали. Постојат многу знаци за тоа што би требало да се направи ноќта помеѓу 31 декември и 1 јануари, всушност, што не треба да правите на 1 јануари.

Пред да си замислите новогодишна желба не треба долго да размислувате за формулацијата. Немојте да користите негација „не“, например да „не се разболиме“, подобро е да се користи „да бидеме здрави“. Традиционално, желбата не се кажува никому.

Немојте да шиете копчиња последниот ден во годината. Постои ризик од неуспешно решавање на старите проблеми во новата година.

Заборавете на друштвените мрежи. Психолозите велат дека тој ден е најдобро да одморите од социјалните мрежи.
Свеќената ноќ не може да се слави во стара облека. Најрадикалната верзија за ова верување е: Да не се носат нови нешта цела недела до празникот, а на 31 декември треба да се облече нова облека.

Не треба да позајмувате пари ноќта спротив 31 декември се до 19 јануари.
Создадете атмосфера на мир и позитва затоа што според суеверието, таквата атмосфера ќе ве прати во текот на целата година.