За сите кои сакаат природен и свеж изглед преку целиот ден
Брзото темпо на живот често не ни дозволува многу време да му се посветиме на шминката, но секако можеме да одвоиме барем неколку минутки за да изгледаме убаво и претставително.
Во продолжение ви донесуваме неколку трикови од познатата youtube блогерка Стефани Бејли која многу следачи ја обожаваат баш поради корисните совети кои ги споделува.
Потребна ви е само основната козметика од несесерот и да ги следите нејзините чекори, а оваа брза и едноставна техника ќе стане вашата секојдневна рутина.