Категории

(ВИДЕО) Италија слави: Неопислива среќа на лицата на излечените пациенти го обиколи светот

На интернет се појави видео „Трка против времето“ кое го снимија здравствените работници на одделението за реанимација во болницата Сестри Леванте во Италија.

На снимката се гледа нопишлива среќа на лицата на пациентите кои успеале да го победат коронавирусто, но и неизмерната радост на здравствените работници кои се најзаслужни за спасените животи.

Снимката ја направија здравствените работници на болницата Сестри Леванте која ги забележа моментите кога од интензивната нега се изведуваат пациенти кои успеале да ја добијат тешката битка против вирусот Covid-19.

Италија и понатаму се бори против вирусот, бележи најголема загуба на животи во светот. Вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата во таа земја порасна за 16,523.