Категории

„Вистинската убавина на една жена се гледа во нејзините очи, тие се вратата до нејзиното срце“

Таа и ден денес е симбол за класична убавина, елеганција, префинетост, женственост. Пример за тоа како треба да изгледа една вистинска жена – кога ја прашале да ги сподели своите совети за убавина, Одри Хепберн им го рекла следното..

За атрактивни усни, зборувајте љубезно.
За прекрасни очи, пронајдете го она доброто во луѓето.
За добра линија, делете ја храната со гладните.
За убава коса, дозволете им на децата да ги провлекуваат прстите низ неа.
За добро држење, одете со знаење дека никогаш не сте сами.
На луѓето им е потребно повторување, оживување, потврдување, просудување, никогаш не отфрлајте некого.
Запомнете, доколку некогаш ви е потребна помош, ќе ја најдете на краевите од вашите дланки.

Како растете, ќе откриете дека имате две раце:
Една за да си помагата на себеси, а друга за да им помагате на другите.
Убавината на жената не е во облеката која ја носи, нити во нејзината фигура или фризура.
Убавината на жената се гледа во нејзините очи, затоа што тие се вратата до нејзиното срце, местото каде што љубовта живее.
убавината на жената не е во нејзината надворешност, туку вистинската убавина на жената се очитува во нејзината душа.
Тоа е вниманието кое несебично го пружи и љубовта која ја покажува.
убавината на жената се зголемува како што поминуваат годините.

Прегледи:
999
Објавено на:
21.12.2019