Категории

Во најтешките мигови запрашај се дали ќе ти биде полесно ако се откажеш

Кога и да ти е тешко, запрашај се себеси колку има смисла да се откажеш во тој миг, што ќе ти донесе таа одлука во иднина…

Можеби во тој миг кога ќе ги кренеш рацете ќе почувствуваш олеснување, но кога ќе помине одредено време ќе сфатиш дека не си добил ништо. Си ја изгубил борбата која за која доколку би стегнал заби уште само на некое време би стигнал до нејзиниот крај. Кога и да ти е тешко, запрашај се себеси колку има смисла да се откажеш во тој миг, што ќе ти донесе таа одлука во иднина.

Запрашај се дали откажувањето вреди за да ги видиш сите твои соништа како пропаѓаат, сите твои желби како се уништени засекогаш. Дали откажувањето е подобро од сето тоа?
Запрашај се себеси зошто воопшто си влегол во таа битка кога не си имал намера да ја водиш до крај. Запрашај се дали утре ќе бидеш горд на тој човек кога ќе го погледнеш во огледало и ќе видиш лик на губитник кој се откажал во истата секунда кога почувствувал тежина.

Запрашај се каков ќе биде твојот свет после сето тоа. Што ќе се промени. Дали ќе можеш да живееш со разочарувањето кое ти следи после сето тоа. Запрашај се дали ќе можеш да живееш со изгубена надеж. А како ќе ги погледнеш луѓето кои цело време те бодреле и имале верба дека ќе успееш. Запрашај се добро, па потоа одлучи!

 

 

 

Прегледи:
524
Објавено на:
28.05.2020