Категории

Во неволја побрзо ќе ви помогне непријателот отколку пријателот

Верувале или не, повеќе непријател ќе ви помогне во животот отколку пријател. Затоа што непријателот е тој кој нии посакува лошо а ние за инает на него сакаме да бидеме подобри – тие се нашата мотивација.

Верувале или не, повеќе непријател ќе ви помогне во животот отколку пријател. Затоа што непријателот е тој кој нии посакува лошо а ние за инает на него сакаме да бидеме подобри – тие се нашата мотивација.

Од непријателот учиме, а не од пријателот. Па кој ти е пријател? Пријател е оној кој ти вели, насамо: „Што ти беше вчера кога го кажа тоа? Што ти беше што го направи тоа?“
Овој пријател другиот малку ќе размисли па ќе ти рече: „Во право си, драг мој. Фала ти бескрајно.“ А ако бил само лажен пријател, ќе ти каже: „И ти ми го кажуваш тоа мене, повеќе не си ми пријател“. Ова ви е вистински тест за пријателството. Чујте го од пријателот, ако се осмели да ви каже.

Пријателот се плаши да ви ја каже вистината во очи. Се плаши дека ќе го изгуби својот пријател. Па потоа од непријателот ја слушаме вистината за себеси. Секако, еден дел, затоа што тие претеруваат.
Непријателот не се плаши од вас, тој отворено ви кажува дека ви е непријател и дека нема позитивни чувства кон вас, тој не е опасен затоа што има храброст да застане отворено пред вас и да ги искаже своите чувства, додека оној непријател кој е преправен во ваш пријател е тој кој е вистински опасен. Тој кој ќе биде покрај вас низ сите подеми а кога ќе паднете, тој ќе се обиде да ве згазне на дното.

Непријателот барем има лице, и често дури и поголема чест од оној маскираниот.

Прегледи:
450
Објавено на:
08.02.2020