Остави ги настрана сите планови за тоа што треба да направиш и каков треба да бидеш, едноставно биди само човек
Да се биде човек значи да се биде толку поинаков затоа што она што го правош е непроценливо и неспоредливо со било што. Да им ја покажеш вредноста на другите кои ја имаат во твојот живот преку мали знаци. Допир, насмевка, бакнеж, убав збор. Да се соочиш со сопствените стравови и сомнежи и да ги уништиш. Затоа што тие го унитшуваат просторот на твоите можности, тие ги одземаат твоите прилики.
Постои само еден пат пред тебе во новата година – а тоа е да бидеш оној кој верува во сопствените соништа. Си се разочарал затоа што не си ги остварил а си вложил толку многу. Но светот се врти тогаш кога ќе ги промениме сопствените размислувања и навики и градиме секојдневие повторно од почеток.
Животот станува поинаков кога сфаќаме дека не можеме и не треба да се криеме од животните бури затоа што преку нив стануваме посилни и похрабри.
Само еден пат е пред тебе во новата година – да бидеш оној кој превзема одговорност за твојот живот. Да кажеш дека никој не е виновен за твојата сегашност освен ти е големо нешто. Имаш глава, срцце и раце и можеш да ја обликуваш реалноста онака како што мислиш дека е најдобро. Не треба да одиш таму каде што одат другите, да се правиш дека ти се допаѓаат нешта кои им се допаѓаат на другите. Да бидеш свој тоа ќе ти даде сила да направиш нешто што само ти го можеш, сакаш и заслужуваш.
Постои само еден пат пред тебе во новата година – да бидеш благодарен на сите стари години. Да бидеш благодарен на повредите и ударите кои си ги примил затоа што тие допринеле во твојата сила, ја зајакнале твојата сигурност, создале чувство на самопочит и те направиле она што си. Заблагодари се за предавствата, изневерувањата и затвори го тоа поглавје еднаш засекогаш. Тоа е сега зад тебе а пред тебе е она што сега треба да го избереш. Избери добро!