Категории

За среќен и позитивен живот – Опкружи сè со луѓе кои имаат виножита во срцата

Радоста во животот е заразна, кога ќе се доближиш до човек кој зрачи со позитива имаш шанса да го промениш својот живот.

Има луѓе кои зрачат како сонце. Покрај нив чувствуваш светлост и топлина дури и во најврнежливите денови во животот. Во нивна близина сфаќаш дека нештата на кои си се жалел немаат никакво значење. Тие умеат да пронајдат решение за се само ако си ти подготвен за истото.

Понекогаш нештата можат да се решат на многу едноставен начин. Доволно е само една прошетка во природа за да ти се разбистрат мислите, искрена насмевка која ќе ти даде надеж дека лошите нешта поминуваат, еден допир на дланката кој охрабрува и сето тоа може да разбуди огромна сила во тебе.

И тогаш ќе сфатиш дека не било се толку очајно и беспомошно, не било се така мрачно и тажно, доволно било да се опкружиш со луѓе кои ја будат подобрата страна во тебе и те поттикнуваат и расположуваат.

Внимавај да ги чуваш покрај тебе секогаш, не испуштај ги од дланка. Животот е онолку убав и шарен колку што се луѓето во твојата околина го прават да биде. Бирај ги оние со виножита во срцата.