Дали не ви се допаѓа изгледот на вашето тело? – Ова е порака која секоја жена треба да ја прочита!
Често сме премногу критични спрема самите себеси, сурови и наместо љубов се осудуваме себеси и се отфрламе. Тоа често се случува кај жените кои се незадоволни со својот одраз во огледалото.
Жените кои не се задоволни со своето тело, не го прифаат и себеси се сметаат за помалку вредни поради естетските несовршености – ова е порака за вас:
Жената е нешто повеќе од сите бројки на вагата. Таа е повредна од бројот на фустан и панталони, бројот на добиени и изгубени килограми.
Тежината е дефиниција на материјата која ја содржи предметот или телото, а не ги дефинира вашите амбиции, потенцијали и вредности.
Често тежнееме да го достигнеме тоа совршенство кое се пласира на друштвените мрежи. Секоја слика на совршена фигура кај нас може да предизвика чувство на незадоволство и неприфаќање на себеси.
Навистина е тажно да видиме колку убави и прекрасни жени стануваат демотивирани и обесхрабрени поради неколку килограми вишок.
Здравиот живот е важен, здравата храна е неопходна за целокупното здравје и одлично е да се грижите за вашето здравје и изглед но често забораваме колку е всушност важно нашето ментално здравје.
Идеата во тоа да имаме вишок или помалце килограми ги оптеретува жените, што резултира со „злоставување“ на сопственото тело на одреден начин.
Нашето тело е посебен и убав хран. Нашето тело ги содржи нашите мисли, карактеристики, идеи и чувства. Без нашето тело не би биле ние. Ако сакаме да го промениме на некој здрав начин, тоа и треба да го направиме.
Но не треба да правиме промени со цел да ги задоволите и импресионираме другите луѓе. Ние сме дефинитивно единствените кои вистински треба да не интересира нашето тело. Никој нема потполно право да ни кажува дали нашето тело е доволно добро или не.
Не би требало да се откажуваме од некои нешта кои ги сакаме само затоа што не сме задоволни со својот изглед. Ние сме на повисоко ниво од тоа.
Ние сме повеќе од физичкиот изглед. Поседуваме единствено внатрешно битие во нашата душа а самодовербата и насмевката се главните нешта кои ќе не направат да изгледаме атрактивно.
Не е се во величината на фармерките туку во величината на нашето срце и ум.
Прифатете го вашето тело, сакајте го, засакајте ја секоја облина, несовршеност, изобличеност и коски. Ќе изгледате најубаво ако научите да се чувствувате добро во сопствената кожа.
И секогаш носете нешта во кои се чувствувате пријатно и добро. Само вие бирате што ќе пружите или одземете од своето тело, но само едно е најважно – САКАЈТЕ ГО!