Категории

Започни да веруваш на начинот на кој твојот живот се одвива

Престани да размислуваш премногу околу тоа како ќе се одвиваат нештата, наместо тоа започни да му веруваш на животот и начинот на кој тој самиот ги подредува работите..

Можеби едноставно треба да престанеш да размислуваш премногу и да почнеш да му веруваш на начинот на кој твојот живот се одвива. Нештата се променуваат. Секоја година прераснуваш во нова личност. Секоја година имаш можност да започнеш од почеток. Да се издигнеш и да се соочиш со светот уште поподготвен.

Немој да се плашиш да паднеш. Не плаши се од поразите. Не стравувај од скршено срце, немој воопшто да се плашиш од ништо.
Стравот и сомнежот се во твојата глава, ако не управуваш со нив тие ќе управуваат со тебе.

Длабокото размислување само ја уништува твојата среќа, не ти донесува ништо добро. Сомнежот во себе нема да те одвете до целта која ја посакуваш, но одлучноста и храброста ќе го направат тоа.

Биди свесен за себеси и за својата сила, знај дека можеш да постигнеш многу повеќе од она кое што мислиш дека можеш.

Прегледи:
476
Објавено на:
15.08.2020