Приказна со длабока порака која секоја мајка треба да му ја пренесе на своето дете..
Мајка и дете оделе по улица. Детето во рацете држело колач.
Поминале покрај една просјачка која во прегратки држела валкано момче во голема парталава облека.
Детето со колачот ја погледнало својата мајка, а таа од неговиот поглед сфатила дека тоа сака да му го даде својот колач на момчето.
Климнала со главата, му дала одобрување.
Детето му го пружило колачот на својот беден врскин и продолжило да потскокнува накај својата мајка.
Некој минувач го посматрал сето тоа, па на жената и рекол:
„Сега вие ќе му купите уште поголем колач, зарем не?“
„Не!“, одговорила таа мирно.
„Зошто не?“
„Затоа што оној кој дарува, се одрекува!“