Категории

Зошто е толку тешко да се откажеме од погрешните луѓе и избори?

Колку само време било залудно потрошено на луѓе на кои им било потполно сеедно што се случува во нашиот живот..

Колку пати само помислуваме дека некому му значиме, и тогаш доаѓаат миговите кога настапува криза и бараме нивна помош, а тие едноставно исчезнуваат..
Зошто е толку тешко да се избегнат таквите луѓе и да им се каже „Не“ при нивното влегување во нашиот живот, зошто е толку тешко да ги отстраниме кога не ни придонесуваат ништо добро?

Можеби понекогаш сме толку воодушевени од идеата дека можеме да промениме некого, да направиме да се откаже од своите навики поради нас, да стане подобра личност поради тоа што се грижиме за нив и ни значат. И на тој начин ние стануваме приврзани за нив, како сталаратели кои се обидуваат да го израснат своето дете и да го изведат на вистинскиот пат.

Се врзуваме за нив и се обидуваме да ги промениме, нашата љубов да го надомести она кое тие не можат да ни го пружат. Тешко е да го замислиме својот живот без нив, од страв од напуштањето и болката, немањето храброст да се отстрани фластерот од раната. Го отстрануваме полека и на тој начин трпиме многу повеќе болка.

Но таквите луѓе не може да ги промени ни сета љубов на овој свет доколку тие не се подготвени да ја прифатат и не ослободиле место во своето срце за неа. Тоа е еден лавиринт од кој ние никогаш нема да пронајдеме излез.
Секоја промена е болна и тешка, но без неа не би имале шанса да откриеме што е вистински добро за нас.