Зошто некои се позагрозени од другите?
Инфектологот Џон Коен, професор емеритус на Медицинското училиште во Брајтон и Сасекс, објаснува дека кај хроничните пациенти заразени со корона вирус е потребен поголем напор за крвотокот да добие доволно кислород.
-Вирусот корона предизвикува инфекција на плуќата – пневмонија. Кога плуќата ќе се инфицира – не само со корона вирусот, просторот за воздухот во плуќата се исполнува со течност предизвикана од воспалението. Затоа телото мора да работи напорно за крвта да добие кислород.
Тој додава дека срцето и плуќата работат како интегриран тим, па при воспалението на плуќата срцето работи повеќе, поради што ако постои некоја хронична болест, тоа се напрега уште повеќе.
Истражувањата покажаа дека 40% од пациентите во Кина кои биле во лоша состојба и биле хоспитализирани, имале или кардиоваскуларни или цереброваскуларна болест дијагностицирана од претходно.
-Оваа статистика не значи дека кај луѓето со срцеви заболувања постои поголема можност за заразување со корона вирусот – напоменува Орли Вардени, вонредниот професор на Универзитетот во Минесота. – Тоа значи дека веројатно ќе имаат компликации доколку дојте до заразување.
-Пациентите со дијабетес често имаат компликации во врска со срцето, но и бубрезите, а на ист начин било каков додатен напор поради инфекцијата може да предизвика секундарни проблеми во овие органи. Значи, знаеме дека имуниот систем на дијабетичарите не е добар во борба против инфекцијата како оние кои не се – заклучува Коен.