Категории

6 мејкап идеи со кои ќе добиете сексапилен изглед!

Променете ја својата мејкап техника и променете го животот! Тоа е нашето ново мото кое оваа година е вредно за истражување.

Експериментирајте со глитери

Доколку се користи одмерено, раскошниот глитер може да стане ваш нов дневен сојузник. на внатрешниот дел од капакот нанесете светлуцава сенка во боја на бисер која може да ја носите со било кое мејкап издание. Ќе се воодушевите од инстант резултатите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Patrick Ta (@patrickta) on

Нова „cat eye“ техника

Наместо да ја нацртате стандардната, искосена линија со ајлајнерот, обидете се со нешто поинакво. Во искосениот дел исцртајте триаголник, но не го пополнувајте, туку ивиците обојте ги во некој друг тон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Patrick Ta (@patrickta) on

Природната кожа нека го направи своето

Не плашете се да излезете без шминка, со сите несовршености кои инаку се обидувате да ги сокриете со тонираните креми и пудри. Квалитетната нега од вашата кожа може да создаде платно на кое само ќе нанесете кармин на усните, малку шминка на образите и очите и тоа е тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Patrick Ta (@patrickta) on

Заборавете на мат
Не е тајна дека сјајните формули се сѐ повеќе популарни во последниве неколку месеци. Затоа, преку својот омилен мат кармин нанесетеслој течен сјај. На овој начин веднаш ќе го освежите изгледот и ќе го подигнете на друго ниво. Истото може да го направите и со капаците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Patrick Ta (@patrickta) on

Темно црвен кармин за поголем ефект 

Бургунди црвената нијанса на кармин е најбараната боја во последно време, а причината е јасна бидејќи оваа боја доминира. Ефектот на темниот тон е огромен. Секако мора на ум да го имате непишаното правило дека помалку е повеќе. Со нагласените усни одговара минимална шминка на остатокот од лицето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Patrick Ta (@patrickta) on

Сенка во необична боја

Бидете чекор пред сите и зачекорете во светот на возбудливи бои. Осмелете се!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Patrick Ta (@patrickta) on

Прегледи:
519
Објавено на:
30.01.2019