После неколку неделни шпекулации, се потврди веста дека Амал Клуни е бремена, и тоа со близнаци!
Веста е потврдена од нејзина пријателка и водителка Julie Chen. „Бјонсе не е единствената ѕвезда која очекува близнаци. Честитки за Џорџ и Амал Клуни!“ рекла таа во нејзиното шоу.
Близнаците се очекува да пристигнат во јуни, а Џорџ и Амал за прв пат стануваат родители.