Категории

10 навики на луѓето кои никогаш не се под стрес

Стресот е главниот виновник за многу хронични болести, мигрена, несоница, срцеви заболувања, канцер.. Брзото темпо на живот го прави стресот неизоставен дел од секојдневието. Но, има некои навики кои ќе ве оддалечат од стресот.

Дали сте забележале дека некои луѓе живеат многу стресен живот, додека пак други многу ретко се соочуваат со стресот? Тие луѓе практикуваат 10 работи кои ја намалуваат шансата за појава на стрес.

  1. За почеток, луѓето кои не се под стрес и покрај професионалните и приватни обврски, имаат помош. Помшта им доаѓа од родителите, дадилка, асистент или партнерот. Тие луѓе не практикуваат мултитаскинг.
  2.  Приоритет им се квалитетниот сон, здравата исхрана и физичката активност, кои го поттикнуваат лачењето на хормонот на среќа.
  3.  Се грижат за своето емотивно здравје.
  4.  Издвојуваат време за себе и своето хоби.
  5.  Креативни се, се занимаваат со уметност или спорт.
  6.  Избегнуваат преголемо анализирање на секоја своја постапка.
  7.  Себе и своите потреби ги ставаат на прво место.
  8.  Избегнуваат драми и конфликти.
  9.  Го ограничуваат своето време на друштвените мрежи, кое, докажано, може да влијае на појава на депресија.
  10. Позитивни се и се смејат.
Прегледи:
115
Објавено на:
16.04.2019