Категории

5 причини зошто треба да вежбате на пилатес топка?

Без разлика колку години имате и колку сте физички подготвени, вежбите со пилатес топка може да се прилагодат на индивидуалните потреби. Единствено е важно да имате покрај себе професионален пилатес тренер со кој ќе се посоветувате и чија помош правилно ќе ги изведувате вежбите, велат од PowerHouse Pilates првиот и најдобар пилатес центар кај нас кој одлично фукнционира на 3 локации низ Скопје. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Порано пилатес топката се користела само при рехабилитација, но со тек на време ја препознале нејзината вредност и од ординациите се сели во пилатес центрите. Таа претставува одличен реквизит бидејќи покрај тоа што помага при зајакнување на трупот, го подобрува држењето на телото, превентира при пореметувања на мускулно-коскениот состав, а може да ги намали болките во лумбалниот дел настанати поради долго седење или стоење.

Зошто да вежбате на пилатес топка?

1. Да научиме правилно да дишеме

Верувале или не, добар дел од нас не знаат да го пратат своето дишење. Топката може да ни помогне насочувајќи го дишењето во разни делови од телото. Преку вежбањето ги истегнуваме сите делови од телото, како и екстремитетите. Вдишувајте преку нос и издушувајте преку уста. За извршувањето на секоја од вежбите во секој момент добивате инструкции од тимот на PowerHouse Pilates.

2. Антистрес терапија

Овие топки за вежбање може да послужат и при медитација. Пронајдете ја положбата која најмногу ви одговара и замислете дека сте на некое среќно место и преку дишење исфрлете ги сите негативни емоции. Освен што ќе го ослободите умот, истовремено ќе го ослободите и телото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


3. Го регулира држењето на телото

Колку пати ве потегнале по грбот како дете со реченицата „Како седиш!?“. Целта на пилатес вежбите е да се регулира држењето на телото во правилна положба, па поради работните обврски доколку сте во можност одлично решение е столчето да го замените со пилатес топка. На тој начин, покрај вежбањето пилатес во PowerHouse, ќе може да имате правилно држење на телото и на работното место. Вашиот грб ќе ви биде благодарен за тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


4. Цврст и затегнат стомак и крај на болките во грбот

Дали знаевте дека освен убав стомак, силните стомачни мускули помагаат при борбата со болката во лумбалниот дел на грбот? Варијации на темата има безброј, но знаете ли зошто им се дава предност на вежбите со топка пред стандардните вежби за стомачни мускули? Овие вторите, ја зајакнуваат рамната стомачна маса која нема преголема улога при стабилизацијата на телото, а да не зборуваме за ризикот од повреди на вратот.

5. Изградено и обликувано тело

Доколку не ви се допаѓа идејата за дигање големи тежини, а сакате да се обидете со т.н функционален тренинг, пилатесот е вистинскиот избор за вас. Функционални вежби се оние кои ги имитираат ситуациите во кои се наоѓате во секојдневието како седење и станување од стол. Со пилатес топката може да ги повторувате овие движења, а топката наместо столчето ќе ве натера правилно да го држите телото. На овој начин ќе постигнете ефект на изградено и обликувано тело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


За оваа сезона, ставете го пилатесот на врвот на листата на вашите одлуки! Вежбајте пилатес, грижете се за себе и доведете ја вашата фигура со совршенство. PowerHouse Pilates е најдобриот избор за вас!

Прегледи:
845
Објавено на:
14.05.2019