Сува кожа на лицето е проблем со кој се соочуваат многумина. Освен што е потребна дополнителна нега на ваквиот тип на кожа, потребни се и посебни препарати и шминка.
Постојат многу маски за нега на лицето. Со оваа маска за нега на сува кожа резултатите се видливи, а состојките потребни за да се направи ги имаме во кујната.
Потребни состојки:
- 2 банани
- 1 лажица мед
- пола чаша јогурт
- Начин на подготовка:
Испасирајте ги бананите, додадете мед и јогурт и добро измешајте се додека не добиете хомогена смеса. Со четка или со рака нанесете ја маската на лицето и оставете да отстои 20 минути, се додека целосно не се исуши. Исплакнете го лицето со млака вода и нанесете хидратантна крема.
Постапката повторувајте ја 2-3 пати неделно.