Како станав господарка на сопствениот живот
Секогаш бев неверојатно самоуверена жена. Секогаш гласна, доста сигурна кога мислам дека сум во право. Не се плашам да прашам за нешто што сметам дека вредам за истото и не се извинувам однапред поради нешто што сакам да го кажам и кога сакам да го кажам.
Сетоа тоа, во поголемиот дел од мојот живот беше мојата најголема сила но и најголема несигурност.
Врз темелот на своето однесување кај другите стекнував или моментална почит или ми велеа дека сум „вечно лута или дека сум кучка“.
Луѓето или ме сакаат поради тоа што кажувам што мислам или не се согласуваат со мене – т.е. не ме сакаат. Слушнав како си велам самата на себеси безброј пари како всушност сум доста драга.
Секогаш сум била неверојатно самоуверена, во главно без страв. А понекогаш тоа ме правело недопадлива. Понекогаш тоа е исклучително мојата личност. Понекогаш тоа било и предмет на оговарање. Понекогаш било и проблем.
Поради тоа после некое време едноставно пукнав, затоа што се обидував да го потиснам тој аспект од мојата личност. Молчев кога не се сложував со некого, избегнував да одам на места каде што има луѓе кои ме нарекувале со погрдни зборови.
И тогаш неуморно им се жалев на моите најблиски кои секогаш беа тука да ме разберат и да ме утешат. И тоа ме умори и ми стана непријатно да живеам на тој начин, се додека еден ден не реков –Доста е.
Престанав да се извинувам за зборувањето на моето мислење, само затоа што другите не можат да ја слушнат вистината. Престанав да се молам за дозвола и само почнав да го правам она што го сакам.
Веќе не ми е грижа што зборуваат луѓето за мене ако тие не се оние луѓе кои ми значат: пријателите, семејството и некои драги колеги.
Единствено ми е грижа за себеси, да бидам горда на себе и своите достигнувања. Грижа ми е за многу нешта, само за туѓите мислења не.
Ако луѓето ме сакаат, одлично, ако не, тогаш сепак ќе спијам мирно. Не се обидувам да импресионирам никого. Кога ќе одлучиш дека веќе не ти е грижа, притисокот веќе го нема, и стануваш одговорен за сопствениот живот. Стануваш господар на сопствениот живот!