Категории

Кога премногу им даваш на луѓето – Забораваат да ја ценат твојата добрина

Заврти им грб, па ќе видиш како ќе те ценат.

Кога ќе започне нивната балада, само кажете им дека имате многу попаметна работа. Луѓето ако имаат проблем ќе бараат помош во неговото решавање но што прават луѓето кои постојано се жалат и приговараат, зошто постојано расправаат за негативноста на животот кога не прават ништо што ќе го промени и ќе го направи подобар.

Оттргни се од луѓето кои прават будала од тебе, а ти се правиш дека уживаш во тоа затоа што ти годи нивното внимание. Не ти требаат луѓе на кои им си само предмет на забава затоа што имаш свое достоинство и не го давај за никаква цена.

Подобро е да имаш мирна самотија отколку нивното присуство од кое кога ќе заминеш мораш да ја симнеш маската и да почнеш да рониш солзи. Не жали го таквото друштво, тоа не те гледа како личности. Оттргни се затоа што има зборови кои не се простуваат туку така, мигови во кои ништо повеќе нема да биде како порано.

Немој да ја трпиш нивната иронија и потсмевање. Тешко е кога на крајот ќе сфатиш дека на таквите луѓе си им давал премногу време, а љубовта на најблиските си ја игнорирал.
Што и да се случи во твојот живот, остани свој, луѓето кои те сакаат и почитуваат ќе те сакаат уште повеќе, тие кои никогаш не те сакале нити почитувале нема да го направат тоа нити за илјада години. Оттргни се од луѓето кои не те ценат доволно и верувај дека вредиш повеќе отколку што мислиш.