Категории

Животот ги голта оние кои се плашат – Мудрост која никогаш не смеете да ја заборавите

Приказна со важна животна порака

„Две семиња лежеле едно покрај друго на плодното тло во пролет.

Првото семе рекло:
-Сакам да пораснам. Сакам да ги пуштам своите корени длабоко во земјата под мене, и да го испружам своеот стебло преку земјината кора над себе. Сакам да ги развијам своите пупки за да објават доаѓањето на пролетта. Сакам да своето лице да ја почувствувам топлината на сончевите зраци и на своите ливчиња благословот на утринската роса.

И така нараснало.

Второто семе рекло:
-Се плашам. Ако ги пуштам своите корени во земјата под мене, не знам што можам да најдам во темнината. Ако се пробијам преку цврстото тло над мене, можат да го оштетам своето тенко стебло, што ако ги отворам своите пупки и некој полжав се обиде да ги изеде? А што ако почнам да цветам и некое дете ме искорне од земјата. Не, подобро е да чекам додека не биде безбедно.

и така чекало.

Едно пиле кое колвало по градината барајќи храна, го проголтало семето додека чекало.

Животот ги голта оние кои се плашат!“

Прегледи:
778
Објавено на:
02.03.2020