Категории

Никогаш не се откажувајте – Можеби само еден чекор ве дели до успехот

Мислите дека не можете да успеете во нешто? Оваа мудра приказна ќе го промени вашето мислење

Човек поминувал покрај слонови и одеднаш застанал. Бил збунет од фактот дека овие огромни животни биле врзани со мал конец за своите предни нозе. Немало ланци нити кафези. Било очигледно дека слоновите можеле во било кој миг да се оттргнат и да побегнат.Од некоја причина тие сепак не го направиле тоа.

Човекот од љубопитност му се приближил на нивниот тренер и го прашал зошто животните само стојат и не се обидуваат да се ослободат. Тренерот одговорил: „Кога беа многу млади и многу помали користевме само конец со иста величина за да ги врземе. Тогаш тоа беше сосема доволно да ги задржи. Како што растеа тие и понатаму веруваа дека конецот ги држи. Затоа никогаш не ни се обидуваат да побегнат.“

Човекот бил вчудоневиден. Слонот можел да се ослободи во секој миг, но затоа што верувал дека не може, останувал заробен на местото каде се наоѓа.

Како и слоновите, чекориме во животот со верување дека нешто не можеме да направиме, само затоа што еднаш не сме успеале во тоа.
Неуспехот е дел од процесот на учење. Не смееме никогаш да се откажеме од обидувањето.

Прегледи:
546
Објавено на:
15.03.2020