Светскиот ден на пандите се одбележува на 16 март секоја година. На овој ден, секоја година се посветува внимание на најпосебното мече на светот.
Пандите се еден од најомилените видови на животни а воедно се и едни од најзагрозените на светот. Љубителите на животни постојано се обидуваат да ја прошират свеста за што поголеми напори во обид на нивна заштита и обнова на живеалиштата на пандите за кои се надеваме дека никогаш нема да изумрат.
Пандите се по потекло од Кина, а многу луѓе ги обожаваат затоа што изгледаат како големи крзени топки во смокинг. Нивното омилено јадење е бамбус. И покрај тоа што се толку обожавани, нивната популација многу брзо се намалува првенствено поради губењето на нивните живеалишта. Пандите денес се сметаат за загрозен вид. World Wide Fund for Nature проценува дека денес во дивината живеат само 1864 панди, а во зоолошките градини околу 100 панди.
Светскиот ден на пандата е создаден за да се подигне свеста за заштита на овие слатки мечки. Како што веќе напоменавме, тие се загрозен вид и им се заканува опасност засекогаш да исчезнат од планетата земја, поради тоа нивната врста е од голема важност.
Во продолжение ви издвоивме неколку видеа и фотографии од најслатките панди на кои наидовме на интернет.