Категории

Новиот откачен моден предизвик #jacquemusathome кој ги преплави Инстаграм профилите на модните фанатички

Деновиве друштвените мрежи се преплавени со урнебесни предизвици. Ова е најновиот откачен предизвик кој го осмислија модните фанатици

Секој ден будно ги следиме најновите вести, прес конференциите, броевите и развојот на состојбата која пред месец дена не сме можеле нити да ја замислиме. Истовремено, сега кога најмногу ни е потребна позитива и оттргнување на мислите од реалноста, друштвените мрежи се преплавени со урнебесни видеа и фотографии за тоа како луѓето го поминуваат своето време во карантин. Секојдневно се појавуваат нови забавни предизвици и забавни содржини кои се одлични за пополнување на времето.
Еден од најзабавните хаташзи на кого наидевме деновиве и стана хит на друштвените мрежи особено ќе ги израдува вљубениците на модата.
#jacquemusathome

Jasquemus е еден од модните брендови кој ги одбележа последните неколку години. Остави белег во модниот свет и создаде трендови кои модните фанатички ги обожаваат. Позади него стои францускиот моден дизајнер Simon Porte Jacquemus чии креации ја носат препознатливата естетика која е спој од француската ноншалантност и современ изглед.
Макси шешири, минијатурни ташни, бела кошула и ефектни фустани се само некои од најпознатите парчиња на Jacquemus.

Помеѓу нив се наоѓаат и чевли со асиметрични потпетици кои се истакнаа како омилени модни додатоци на it дедвојките и сето тоа го инспирира #jacquemusathome хаштагот.

Откако на својот профил сподели артистични фотографии на кои во замена за потпетици беа поставени лимон и портокал, го покрена Инстаграм хитот кај неговите обожаватели кои почнаа да ги споделуваат своите креативни идеи како да ги заменат потпетиците со други алтернативи.
Погледнете ги едни од најзабавните идеи..

Прегледи:
579
Објавено на:
08.04.2020