Категории

Кога не можете да ја промените ситуацијата – променете се себеси!

„Кога веќе не можеш да ја промениш ситуацијата, тогаш мораш да се промениш себеси“, рекол австрискиот психијатар и зачетник на логотерапијата, Виктор Франкл.

Во животот сме соочени со разни предизвици, а само ние одлучуваме на кој начин ќе реагираме на нив. Дали ќе им дозволиме да го променат нашиот живот, дали ќе им се спротивставиме и дали ќе им се препуштиме да не променат и нас. Она што е најважно од се е тоа што никогаш не смееме да паднеме во рацете на очајот и беспомошноста и да бараме скривалиште во тагата и кукањето. Што и да се случи, во секој од нас постои сила со која можеме да продолжиме напред, потребно е само да ја пронајдеме во кое место е сокриена.

Минатото е испишано и ништо од тоа не може да се промени, и колку да посакуваме да го сториме тоа. Но можеме да влијаеме на иднината и можеме да ја промениме во насока во која посакуваме да се одвива. Секогаш постојат две страни од кои можеме да гледаме на лошите нешта, или ќе дозволиме да го променат нашиот живот, или ние ќе се промениме и ќе ги прифатиме како дел од животниот пат и растењето.

Најважно е секогаш да го избираме второто. Не гледаме назад, иднината е пред нас и можностите чекаат да запознаат една силна и борбена личност, промената почнува од сега!

Прегледи:
660
Објавено на:
18.04.2020