Лежерен и женствен – Овој модел на фустан ќе биде главен тренд ова лето
Познатата актерка Ева Лонгорија е голем љубител на лежерните удобни стајлинзи. Неа често можеме да ја видиме во спортски комбинации и макси фустани откако вредно работеше на враќањето на својата витка линија после раѓањето на синот.
На улиците на Лос Анџелес таа неодамна беше фотографирана во друштво на својот сопруг во прекрасен дневен летен стајлинг кој ќе биде доста акутелен во летните месеци.
Долгиот макси фустан на прерамки и гол грб никогаш не излегува од мода и секогаш изгледа женствено и привлечно. Можете да го носите со сандали, балетанки и патики, во овој случај Ева избра рамни сандали со ремчиња, но што и да изберете нема да погрешите.