Потребно е да издвоиме време и добро да размислиме за сценариото кое сакаме да не следи целиот живот.
Еднаш запрашав една група млади луѓе каде се гледаат себеси за десет години а поголемиот дел од нив одговорија дека никогаш не размислувале за тоа.
Некои рекоа дека се гледаат себеси како ги остваруваат своите желби. Само едно момче вистински конкретно го опиша своето работно место на кое сака да работи, жената со која сака да го помине остатокот од својот живот и местото на живеење со своето идно семејство. Само едно.
Само еден од нив имаше визија за тоа како сака да изгледа неговиот живот. Пишувањето на сценариото на сопствениот живот е едно од највозбудливите животни искуства за секој човек. Тоа е знак на превземање иницијатива за создавање, односно сфаќање дека нашиот живот не мора да биде последица на надворешните околности, туку резултат на одлуките кои самите ги донесуваме за себе.
Поради тоа, потребно е да издвоиме време и добро да размислиме за сценариото кое сакаме да не следи целиот живот.
Никој од нас не сака да биде спореден лик во приказната на сопствениот живот, секој сака да биде главна улога, што секако е и логично. Никој не сака некој друг да ја одредува неговата иднина, што за жал се случува кај многумина.
Меѓутоа, малкумина се подготвени да кажат каква улога сакаат за себеси и на каков начин ја гледаат својата иднина. Уште помалку од нив се подготвени да ги превземат конците во своите раце и да започнат да ја обликуваат својата иднина.
Ние мораме да делуваме на животот, да не дозволиме случувањата да делуваат врз нас. Само ние умееме да ја создадеме иднината која ја посакуваме, и само ние ја имаме целосната контрола во нејзиното одвивање.