Категории

Кога престанавте да сонувате? Кога исчезна сјајот во вашите очи?

Додека дишеме, сеуште постои надеж!

Во трка со времето и светот, забораваме за кого трчаме во таа трга. Минутите се претвораат во часови, часовите во денови, а деновите во месеци и така поминале години во кои сме чекале „да помине уште само ова“, и „само уште ова да го пребродам“ и тогаш можам да бидам среќен, безгрижен. И така полека се губи се. Соништата, насмевките, среќата, мирот.

Сонувањето не е само за децата!
Толку живи мртовци кои се откажале од соништата и желбите зборувајќи дека треба да се живее во реалноста, дека соништата се губење на време и дека само оние кои се луди си дозволуваат себеси да сонуваат. Колку тажно.
Не постои ништо потажно од човек во чии очи згаснале соништата, во чии очи веќе не постои пламен кој се разгорува се повеќе кога зборува за нештата кои го исполнуваат.

Кога сме престанале да сонуваме? Кога со тоа сме го изгубиле своето место под сонцето?
Кога сме одлучиле толку лесно да се предадеме и да ги спаковаме куферите и да чекаме на ред за вечниот свет?

Додека дишеме, сеуште постои надеж!

Денес, утре, за една година, или десет – никогаш не е доцна за остварување на некоја желба. Се додека дишиме, постои надеж дека нешто може да се промени.
Можеби ќе ја изгубите битката, и можеби ќе изгубите и неколку – но немојте да ја изгубите војната.

Не дозволувајте да ви го украдат остатокот од вашиот живот каде можете да го имате сето она кое го посакувате. Пред да умрете, научете да живеете, да сонувате, и да верувате во вашите соништа дека можат да станат реалност!

Прегледи:
534
Објавено на:
03.06.2020