Категории

Не дозволувајте животот да ве прегази – Направете ги ОВИЕ нешта

Правило број 1 – Исфрлете се непотребно од вашиот живот!

1.Исфрлете се непотребно од вашиот живот, животот е возбудлив и без тоа!
Како што на балонот му е потребно да се ослободи од сиот терете за да може да се вивне во висината, така и на човекот му е потребно да го ослободи својот ум од сите сомнежи и стравови, изговори и оправдувања за да се вивне во висините на исполнетиот живот. Помалку е повеќе!

2.Животот е посебна прилика, немојте да чувате ништо за специјални мигови
Постојано секој ден одложувате нешта за некои специјални мигови. Некогаш во иднина кога се ќе биде идеално. Такви мигови не постојат. Мигот ќе биде идеален и посебен само доколку вие го направите таков. Направете се што посакувате сега и во овој миг, не чувајте ги нештата за иднината.

3.Не грижете се што ќе кажат другите, но грижете се за себеси!
Потребна е храброст за да го живеете својот живот не онака како што другите ви велат, туку онака како што вие посакувате. Престанете да ги исполнувате туѓите очекувања, и запрашајте се себеси што всушност очекувате од самите себе. Направете се среќни себеси, престанете да им угодувате на другите, и онака никогаш нема да ги задоволите.

4.Не гледајте кон минатото, тоа нема да се врати. Гледајте напред!
Минатото е завршено и затворено, нема никогаш да се вратиш. Насочете се кон сегашноста, вашиот пат води напред. Не губете време залудно!

Прегледи:
471
Објавено на:
09.06.2020